Покренато обвинение против поранешниот директор на Фолксваген
Федералното обвинителство од Детроит покрена обвинение против поранешниот извршен директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн поради заговор за кршење на Законот за чист воздух и за измама во врска со скандалот за емисиите на дизел на компанијата.
Според обвинителството, Винтеркорн знаел дека софтверот на дизел автомобилите регистрира емисии на потрошено гориво како почисти, отколку всушност што биле и на тој начин автомобилите го загадувале воздухот.
Винтеркорн поднесе оставка во септември 2015 година по избивањето на скандалот со автомобилите- загадувачи во САД.
Првично Фолксваген тврдеше дека само пониските кадри во компанијата знаеле за измамата со софтверот.
Во обвинението се наведува дека Винтеркорн бил известен за измамата со дизел емисиите на Фолксваген во мај 2014 и јули 2015 година и заедно со други високи претставници на компанијата се согласил „свесно и намерно да продолжи со измамата и да ги доведе во заблуда регулаторните органи на САД".
За тоа дело се покренати обвиненија против девет лица, а двајца се изјаснија за виновни.
Ново на Сител
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз