Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
Покрај Игор Николов кој треба да замине за амбасадор на Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска. Извори од Владата за МИА потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.
На вчерашната владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отпвикување на девет актуелни амбасадори. Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија - Методија Белевски, амбасадорката и постојана претставничка на Северна Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.
На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина – Јакуп Реџепи, во Чешка – Емил Крстевски, во Шведска – Џенк Сејфила,како и Катерина Ставреска, амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ново на Сител
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер
-
Без струја дел од општина Карпош
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Гром удри на фудбалски натпревар во Србија, десет играчи паднале на теренот, од кои еден е тешко повреден