-->
-->
Покетино за победата над Астон Вила: Тоа беше најдобриот натпревар на Челзи сезонава
-->

Фудбалерите на Челзи се пласираа во осминафиналето на ФА Купот откако вечерва на „Вила Парк“ во репризата на мечот од 4. коло ја совладаа Астон Вила со 3:1.
Избраниците на Маурисио Покетино вечерва го одиграа најдобриот натпревар сезонава. Покетино изведе силен состав, исто како и Унаи Емери, но уште од самиот старт се чинеше дека гостите се порасположени и поорганизирани.
Аргентинскиот стручњак изјави дека овој Челзи бил најдобар оваа година и победата против Астон Вила најдобар натпревар за „сините“ оваа сезона.
Челзи имаше предност од 0:3 се до судиското надополнување, кога Астон Вила успеа да дојде барем до почесен гол.
Головите за „сините“ ги постигнаа Галагер, Џексон и Фернандез, додека почесниот гол за домашните беше дело на Диаби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
