-->
-->
Покетино уште 5 години во Тотенхем
-->
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, рекол дека си согласил да го продолжи договорот со клубот до 2021 година.
„Тоа е лесна одлука. Кога си среќен и кога ја чувствуваш љубовта на луѓето и го гледаш потенцијалот на клубот, тогаш зошто да правиш промени?“, рекол аргентинскиот стратег.
Тотенхем оваа сезона се бори со Лестер за титулата во Премиерлигата, на три кола до крајот на шампионатот тимот на Почетино има седум бодови помалку од лидерот.
Лестер во последните три натпревари треба да освои три бода за да ја освои првата титулата во клупската историја.
„Имаме добра атмосфера и мислам дека во иднина можеме да направиме големи нешта. Верувам во овој проект и верувам во клубот. Поради тоа сакам да останам овде“, рекол тренерот на Тотенхем.
Медиумите изминатите денови пренесуваа дека ПСЖ е заунтересиран за услугите на Почетино, а претходно се шпекулираше дека за Аргентинецот интерес пројавува и Манчестер Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс