Појас Газа: Најмалку седум луѓе загинаа, а 550 се повредени
Најмалку седум Палестинци загинаа, а околу 550 се повредени во судирите со израелската армија на границата помеѓу Израел и Појасот Газа.
Тоа е најголем број на жртви од минатата есен.
- Илјадници Палестинци денеска се судрија со израелската армија во пограничното подрачје на Израел со Појасот Газа, се наведува во соопштението на изралската војска.
Претходно израелската армија соопшти дела Палестинците тркалале запалени гуми и фрлале со камења врз израелските војници, кои возвратиле со солзавец и огнено оружје.
Израелската армија наведе дека нема да толерира оштетување на границата и оти за тоа е одговорен Хамас.
Палестинците во Појасот Газа денеска почнаа шестнеделен протест под шатори долж границата со Израел со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата.
Првиот ден од протестите се совпадна со „Денот на земјата“ кога Палестинците им оддаваат почит на шестмина невооружени Палестинци, кои беа убиени во судир со израелските сили за време на демонстрации против конфискувањето земјиште на 30 март 1976 година.
Пред денешните протести Израел испрати поддршка на граничните сили во Газа.
Организаторите од Хамас изјавија дека денешните протести ќе бидат мирни, но главниот израелски воен потпарол бригадниот генерал Ронен Манелис изјави дека армијата е подготвена за можни нереди.
Бројот на војниците доцна синоќа распоредени на границата бил удвоен, вклучително и бројот на снајперисти, специјалните единици и припадниците на граничната полиција чија специјалност е контрола на нереди.
- Израел сака да избегне насилство, но нема да и дозволи на толпата да ја премине оградата, истакна Манилис.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД