Погубен кинескиот Џек Мевосек: Девојки силувал до смрт и ги сакател, серискиот убиец (54) го ловеа со децении
Смртната казна утрово го стигна серискиот убиец познат како Џек Мевосек, 30 години по првото извршено монструозно злосторство.
Гао Ченгјонг (54), кој убил 11 жени, е погубен утрово, што потврди судот во Баијун, во покраината Гансу на северозападот од земјата, кој го осуди на смрт во март минатата година.
Кинескиот Мевосек ограбил, силувал и убил 11 жени во периодот од 1988 и 2002 година во Гансу и соседниот регион, а полицијата го ловеше со години.
Убиецот целел млади жени и девојки кои често ги силувал до смрт, а потоа ги сакател нивните тела. Како што е речено на суд, покрај вадењето на утробата, убиецот на жртвите им ги сечел дланките, ушите и гениталиите. Често, како што се наведува, мета му биле жени што носеле црвено.
Најмладата жртва на монструмот имала само 8 години.
„Неговото однесување било со цел да ги задоволи своите изопачени, перверзни потреби да ги посрамоти и обесчести своите жртви“, напиша судот во образложението.
Своевремено полицијата за информација за него нудеше награда од 30.000 долари.
Ново на Сител
-
Голема раздвиженост за Велигденските празници во Охрид
-
Католиците го слават Велигден
-
Трагедијата во Кочани во фокус на партиските обвинувања
-
Во странски центри на лекување се 44-ца повредени во пожарот во клубот во Кочани
-
ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Што е тоа што ве тера да ја понижувате државата?
-
Ристески: Со објавувањето на цените на производите на интернет очекуваме голем бенефит за граѓаните, нема простор за одложување на оваа мерка
-
Зелени површини против загадувањето во Струмица, нов парк наместо трговски центар
-
Преглед на вестите од светот