Погребот на Јелена во четврток, Зоран се уште во полиција
Погребот на пејачката Јелена Крсмановиќ која е брутално убиена е закажан за во четврток, а сопругот Зоран Марјановиќ и натаму се наоѓа во притвор, зошто се чекаат резултатите од ДНК анализата.
Пред МВР дојде и таткото на Зоран, кој го чека синот да излезе.
-Не ја уби мојот син, не грешете душа, не сведочете лажно против својот близок. Не е моето дете. Да ја убиеше тој Јелена јас ќе се одречам од него. Тој е голем верник, а верниците не убиваат, рече таткото на Зоран за српски Курир.
Иако Марјановиќ во понеделникот и втор пат го помина полиграфот, задржан е во полиција и наскоро му истекува задржувањето од 48 часа, а се очекува со одлука да му се продолжи до 30 дена или да се пушти на слобода.
Во меѓувреме, дознава Курир, се врши детално испитување на автомобилот на Зоран.
Мештаните од Црвеника се во паника поради мистериозното убиство и повеќе никој не излегува од дома и се плашат слободно да шетаат низ населбата.
-Сега кога времето е убаво, не можеме да излеземе да шетаме зошто се плашиме. Што не снајде, па зар да одиме да шетаме и да не се вратиме кај најмилите? Кој тоа ни шета слободно по Борча и убива невини луѓе, вели една жителка.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори