Погребан младиот Стефан што се самоуби поради сиромаштијата

Стефан Симиќ (18) од Мол, чие безживотно тело другарите го пронајдоа како висина на стебло од топлока во шумата покрај Тиса, погребан е вчера на православните гробишта во Мол.
Роднините и пријателите на момчето, молчешкум се простија од него, а вината за неговата смрт ја сносат сите, зошто тој својот краток животен век го помина во сиромаштија, без помош од никаде.
Тажната поворка во Мол ја предводеа тамбураши кои ја свиреа „Тихо ноќи, моје злато спава“. Меѓутоа чуварот на гробиштата и татко на најдобриот другар на Стефан кој го пронаде во шума, им забрани приоѓање на гробиштата на сите претставници на медиумите. За трагичната смрт на момчето, кое според зборовите на мајката Марија Симиќ се обесил поради сиромаштија, не сакале да зборуваат ниту надлежните општински служби.
-Немаме сознанија дека мајката на Стефан доаѓала да побара помо, ниту дека е побарана стипендија и пари за месечна карта за патување до училиштето во Бечеј, велат од општината.
мајката на Стефан вели дека во куќата каде што живеела со синот, струјата им била искчучена уште кога Стефан се родил, и не можел да го дозаврши средното училиште за кувари по втората година, зошто немал месечна карта за патување до Бечеј, и дека на сите нејзини молби и обиколки на надлежните институции, освен минималната социјална помош ништо друго не добивала.
Ново на Сител
-

Се комплицираат дополнителните избори за четирите општини во кои немаше цензус
-

Постизборни реакции: Власта задоволна - опозицијата молчи
-

Истрагата за Пулс и партиските донации за изборната кампања во фокусот на октомврискиот извештај на Транспаренси интернешнл
-

Се кратат парите за граѓанскиот сектор
-

Во купчето на сомнителни кардиохируршки интервенции и случаи од пред 15 години!
-

Нова значајна процедура на Кардиологија
-

АХВ спроведува превентивна вакцинација на животни против антракс после повеќегодишна пауза
-

Над 60% од интернет корисниците во Македонија купуваат онлајн
