Погребан малиот Лука (13): Мајката и таткото прегрнати тажеа по синот, другарите од VI 4 гробот му го наполнија со бели ружи
Малиот Лука Милинковиќ (13), детето од Нови Сад кое почина од мозочен удар нуркајќи во морето на Брач на првиот ден од летувањето, погребан е денеска во 11 часот на гробиштата во Петроварадин.
Трагично настраданото синче родителите - новосаѓанката Јелена Вукобрат и нејзиниот поранешен сопруг, прославениот одбојкар Маркос Маринковиќ - го испратија прегрнати во солзи.
Во еден момент од преголемата болка и тага кон синот, и двајцата паднаа на колена пред ископаната гробница. Сестричката на Лука не беше присутна на погребот.
Лука на вечното почивалиште го испратија другарите од неговото VI4 одделение од новосадското ОУ „Васа Стајиќ“. Во спомен на прерано изгубениотдругар облекоа бели маички со неговото име, а секој од нив носеше по една бела ружа...
Од Лука во име на одделението се прости еден од другарите кој рече дека одделението прерано го загубиле, дека нема да растат заедно со нив, и дека не си ги исполнил сите свои спортски соништа, еден ден да биде како татко си...
На последното испраќање дошле членовите на семејството, пријателите, другарите на Лука, како и спортисти, колеги на неговиот татко Маркос - одбојкарите Слободан Бокшан и Никола Грбиќ.
Трагедијата се случи во саботата, а на Брач во меѓувреме од Аргентина пристигна и неговиот татко Маркос Маринковиќ, одбојкарска легенда.
Мајката на Лука, Јелена Вукобрат по разводот со Малинковиќ живеела со ќерката и синот во Нови Сад.
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони