Погребан двегодишниот Матија кој почина во градинка, бремената мајка неутешна
Двегодишниот Матија Митиќ, кој пред 4 дена почина во сон во градинката во Белград, погребан е на гробиштата во лесковачкото село Доњи Буниброд.
Во тоа село е роден неговиот татко Бојан (30) од каде во потрага за работно место пред 10 години дошол во Белград, се оженил со Олгица (25) и основал семејство.
Дворот од скромната семејна куќа на Митиќ, која ја одржува бабата Јасмина, е преплавен со тага и неверување. Зад одарот со малиот ковчег седи неутешната мајка Олгица која е во седмиот месец од бременоста. Низ дворот се шират лелеци.
-Не, не можам без него, нема живот без моето мило синче, плаче мајката и одмавнува со рака додека роднините ја молат да внимава на чедото во стомакот.
-Тоа никогаш нема да го запознае своето постаро братче - жали мајката која веста за смртта на Матеја ја заткне во потстанарската соба во Мали Мокри Луг.
-Ќе одведеш здраво дете во градинка, да го изведеш мртво. Никогаш не бил болен, сите вакцини ги прими. Како можеше да умре здраво дете. Не, тоа не е од Бога. Некој мора да е виновен, а јас ќе дознам кој е, поради другите деца, поради она кое го очекуваме, раскажува таткото, не успевајќи да ја заврше реченицата поради големата болка.
Погребот е извршен на локалните гробишта во 13 часот. Малиот Матеја легнал во градинка со другарчињата да одмори попладне и никогаш не се разбуди.
Воспитувачките, а потоа и лекарите се обидувале да го оживеат, но безуспешно. Резултатите од обдукцијата треба да покажат од што починал малечкиот. Се претпоставува дека тоа е синдромот на ненадејна смрт што обично се случува кај мали бебиња на возраст од 3 до шест месеци.
Ново на Сител
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора