Македонија
30. July 2022 - 16:29

Погранична соработка меѓу Грција и Македонија за превенција од пожари

Прекуграничните региони на Македонија и Грција започнуваат проект за рано откривање на шумските пожари, но и нивно следење и превенција. На неколку планински локации ќе биде инсталиран сензорски систем за откривање на чад преку кој во реално време ќе се алармираат надлежените служби за евентуалната опасност и на најнепристапните терени. Проектот го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на програмата за прекугранична соработка со Грција, финансирана од страна на ЕУ. Вкупниот буџет изнесува 1 милион и 400 000 евра, од кои 267 000 се наменети за активностите на македонска страна.

Во рамки на проектот ќе се набават и две специјализирани возила за противпожарните единици во Струмица и Гевгелија. Пожарникарите велат дека секоја нова опрема е добредојдена  бидејќи на тој начин се олеснува нивното работење и зголемува ефикасноста.

Во последните неколку години пожарите станаа честа појава на територијата на Македонија. Само лани во периодот јуни - септември беа регистрирани  142 шумски пожари кои зафатија над  11.400 на површината под шума, а предизвикаа и голема материјална од над 2 милијарди денари.