Свет
25. December 2016 - 10:27

Поголемиот дел од христијаните денеска го чествуваат Божик

Католиците, протестантите и поголемиот дел од православните и останатите источни христијани денеска го чествуваат Христовото раѓање - Божик.

Со Божик се прославува почетокот на новата ера и е еден од најголемите христијански празници.

Според евенгелијата, Христос се родил во градот Витлеем во римската провниција Јудеја, каде неговите родители заминале заради планираниот попис на наслението. Според преданието, Исус се родил во пештера во близината на Витлеем, во која овчарите ги чувале своите овци.

Неговото раѓање го најавил библискиот пророк Данаил, кој предвидел дека 490 години по обновата на Храмот во Ерусалим, ќе се роди Месијата (спасителот).

По повод Божик, поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско синоќа одржа божиќна миса на плоштадот Свети Петар во Рим, при што главен акцент стави на страдањето на децата во современиот свет.

Мислата започна со изведба на химната „Глорија“ од хорот на Систинската Капела, по што пред насобраната маса луѓе на плоштадот се појави папата Франциско во придружба на поголем број кардинали и деца од различни националности. 

- Секое дете што се раѓа, создава нови прашања. Да одговориме на повикот на Синот божји, но исто така да одговирме и на повиците на децата, кои денеска не спијат во своите колевки, кои не ја чувствуваат мајчината и татковата љубов, туку се наоѓаат во подземни засолништа во кои се кријат од бомбите, на тратоарите на некој голем град или во чамци преполни со мигранти, порача папата во обраќањето. 

Тој нагалси дека треба да се слушне „повикот на оние деца на кои не им е дозволено да се родат, кои плачат затоа што нема кој да ја задоволи нивната глад и кои во рацете не држат играчки, туку оружје“.

Понтифот повика луѓето „да ги напуштат ефемерните илузии и да се поеветат на она што е суштински важно“.

- Господ е со оние кои се најнежни, како на пример децата жртви на војните, на миграцијата, на сиромаштијата, на гладта, на запоставувањето и на абортусот, истакна папата Франциско.   

Тој нагласи дека денес многу луѓе „се загрижени за божиќните подароци, но остануваат бесчувствителни за судбината на отфрлените“.

- Светлата на современата трговија ја засенуваат божиќната светлина, додаде папата во обраќањето.

Традиционално денеска папата ќе има ново обраќање на плоштадот Свети Петар, на кое ќе ја објава својата божиќна порака „Кон градот и светот“.