Македонија
8. November 2016 - 17:29

Поголемиот број граѓани од регионот не стравуваат од тероризмот

Поголемиот број граѓани во регионот не стравуваат од тероризам, што потенцијално би можел да ги загрози нивните земји, но мислењата се поделени за способноста на државата да ги заштити, покажуваат резултатите од анкетата на ИПСОС, јави Танјуг.

Кај граѓаните на Црна Гора и на Босна и Херцеговина во поголема мера преовладува оценката дека нивните земји воглавно не се способни да се изборат со тероризмот, додека граѓаните на Србија и на Хрватска се пооптимистични за тоа прашање.

Најмал степен на страв од тероризмот покажуваат граѓаните на Црна Гора, додека граѓаните на БиХ и на Македонија се повнимателни.

Кога станува збор за способноста за одбрана од тероризмот, 51 проценти од граѓаните оцениле дека државата е способна за тоа, 28 отсто дека воглавно не е способна, а 15 проценти дека државата не може да ги заштити граѓаните.

Анкетата е спроведена кон крајот на минатата година, при што учествувале по 1.000 луѓе во секоја држава.