Поголема посетеност на Народниот музеј и спомен-куќите во Велес
Годинава е зголемен бројот на посетители од државава и странство на Спомен-куќата на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, Народниот музеј и на Спомен-костурницата во Велес.
Како што информира кустосот во спомен-куќите Весна Трипчева, во првите месеци годинава и за неколку дена од мај, Спомен-куќата на Рацин ја посетитиле 1.075 посетители, главно групи на ученици од земјава кои организирано доаѓаат во Велес. Во истиот период лани имало 500 или двојно помалку посетители.
- Учениците се интересираат за животот на Рацин, а прашуваат и за неговата смрт. Посебно интересна им е гостинската соба на Рацин и неговото семејство, појасни Трипчева.
Лани за цела година во спомен-куќите во Велес имало 1.800 посетители. Трипчева информира дека посетителите во Народониот музеј се воодушевваат од новопоставената збирка на накит од праисторијата до денес, а се интересираат и за други експонати од археолошката, етнолошката и историската постановка на музејот.
- Народниот музеј во Велес лани имал 1.774 посетители, а во првите неколку месеци годинава дури над 1.300 посетители од земјава и странство, рече Елица Николова, директорка на Народниот музеј.
Според неа, зголемениот број посетители е резултат на се поголемиот број на туроператири кои одлучуваат групите туристи да ги носат во посета на културно-историските знаменитости на Велес.
- Годинава заврши надворешната и внатрешна реконструкција на Спомен-костурницата од НОВ, која е исто така интересна за посетителите на Велес, информира Николова.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта