Поголема фискална независност за општините но и поголема транспарентност
За ефикасна локална власт неопходно е повисоко ниво на децентрализација, но и домаќинско работење од општините.
Експертите сметаат дека корупцијата и неефикасноста се клучни проблеми за општините. Советуваат да се зголеми фискална независност на општините, наместо да им се помага со подмирување долгови.
Дополнителен проблем е тоа што дел од општините имаат проблем со наплата на даноци. Тоа може да се подобри ако локалните власти се транспарентни и отчетни, со цел да ја придобијат довербата од граѓаните за да плаќаат даноци.
Но, свои забелешки имаат и градоначалниците.
Со цел зајакнување на капацитетите, подобро општинско буџетирање и поквалитетно даночно работење на локалната власт, денеска 24 општини потпишаа Меморандум за соработка со УСАИД.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
