Поголем дел од Македонија утринава со температури под нулата

Во поголем дел од Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено било во Лазарополе каде минималната температури изнесувала - 8 степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран каде се измерени 3 степени.
Според попдатоците на Управата за хидрометеролошки работи до 08:30 часот, освен во Лазарополе студено било и во Маврово и Крушево каде се измерени -6 степени, потоа во Берово -5, во Крива Паланка -4, во Пожаране и Битола -3, Тополчани, Виница, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Штип и Скопје Петровец -2 и Претор, Струмица и Демир Капија -1. Нула степени се измерени во Куманово, а 1 степен над нулата во Скопје.
Снег од еден сантиметар сеуште има во Маврово.
Утринава времето е сончево со мала до умерена облачност. Малку повеќе облачност имало во Преспа и во јужните делови од Пелагонија. Понекаде дува слаб северен ветер.
Во текот на денот се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе сонце ќе има во централните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени. Во Скопје слично време со температури до 15 степени.
Во следниве денови утринските температури полека ќе се покачуваат, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински температури насекаде. Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела.
Утре попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени пред се на југоистокот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
-

Најчести грешки на патниците при летање со авион
-

Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората
-

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола
-

МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште
