Поголем дел од Буџетот на МИОА за 2021 година е за дигитализација на услугите кон граѓаните
Нови електронски услуги за граѓаните и поголема транспаретност на институциите, најави министерот за информатичко општество и адмнистрација Јетон Шаќири, презентирајќи го денеска на прес-конференција Предлог-буџетот на Министерството за 2021 година.
Вкупниот Предлог буџет за овој сектор е милјарда 179 милиони 142 илјади денари. Од нив, 900 милиони денари се наменети за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги , Националната радиодифузија и за Националната радио телевизија, а за МАРНЕТ се одвоени 14 милиони 514 илјади денари.
Поголем дел од средствата или поточно 60 милиони 624 илјади денари се наменети за дигитализација на услугите на граѓаните.
Шаќири најави околу 130 нови електронски услуги кои ќе се нудат преку националниот портал за електронски услуги и отворање на три канцеларии – Една точка за услуги во Куманово, Охрид и Битола.
– Со ова, освен во Скопје, овозможување граѓаните и од другите градови на едно место да добиваат услуги и информации од различни државни и јавни институции. Заради подобро функционирaње на центрите, намалување на бројот на граѓаните услужени на шалтери, намалување на просечното време на чекање, но и доближување на услугите на граѓаните од подалечните населени места, ќе набавиме апарати за издавање на документи, рече Шаќири.
За поголема транспаретност, МИОА ќе ги менува и веб страните на министерствата, за што, како што посочи Шаќири, постапката е веќе отпочната и ќе се врши во првите месеци од следната година.
Во Буџетот се одвоени и средства за тестирање на електронски систем за автоматизација на административните постапки со кој во реално време ќе се следи извршувањето на зададената задача од страна на вработените. Планот е до крајот на следната година овој систем да биде воведен во најмалку 30 проценти од органите на државата управа, а до крајот на 2024 година во сите органи на државната управа.
Со ова, смета Шаќири, ќе се зголеми отчетноста и ефикасноста на работата на административните работници кои спроведуваат управни постапки и ќе се овозможи полесен и побрз пристап на граѓаните до услугите.
– Пандемијата донесе економска нестабилност, но извлековме една поука, а тоа е дека вложувањето во дигитализацијата е навистина важно, рече Шаќири на прес-конференцијата во Владата.
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“