Погледнете колкава нива со дрога откри полицијата во Драчево

Секторот за внатрешни работи од Скопје во рамки на акцијата „Мрежа“ поднесе кривична пријава против 25-годишниот Д.Г. од Скопје поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.
На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој во текот на годинава набавил семе од „канабис сатива“ и го засадил во месноста викана „Песовци“ во атарот на Драчево при што стеблата ги одгледувал во пластеник и ги наводнувал преку систем „капка по капка“.
На 5 октомври извршен е претрес на парцелата која била сопственост на В.С., а осомничениот ја изнајмил и користел. Во еден од пластениците се пронајдени 135 стебла кои се предадени за вештачење и е потврдено дека се „канабис сатива“.
Досега во рамки на акцијата поднесени се кривични пријави против повеќе од 195 лица и запленети се над 540 килограми најразновидни наркотични средства и стебла од растението канабис.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
