Погледнете какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб,а во западните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.
Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб умерен ветер од југозападен правец.
Температурата ќе достигне до 29 степени.
УВ индексот ќе има висока вредност, седум.
До вторник ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, па така на некои места највисоката дневна температура на воздухот ќе го надмине 30-от степен целзусов.
Во вторник во вечерните, а особено во ноќните часови се очекува зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд.Потоа под влијание на северно воздушно струење дневните температури значително ќе опаднат.
Ново на Сител
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
