Живот
8. December 2016 - 11:22

Погледнете го првиот трејлер за новите „Трансформерс“ (видео)

Објавен е првиот трејлер за новиот филм на режисерот Мајкл Беј „Трансформерс - Последниот витез“.

Продолжувањето на култната франшиза ќе ги однесе гледачите преку далечното минато до современото доба и ќе го појасни постоењето на Трансформерс уште оддамна.

Во филмот играат Ентони Хопкинс, Марк Волберг, Џош Духамел, Џон Туртуро, Џон Гудман, Стенли Тучи, Лаура Хедкок.