-->
-->
Погба го пропушта дербито за Манчестер
-->
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, поради повреда ќе го пропушти градското дерби со Манчестер Сити, потврди неговиот клуб.
Францускиот репрезентативец Пол Погба се повредил на неделниот натпревар со Барнли, поради што нема да виде во составот на Манчестер Јунајтед за градското дерби со Сити.
На новинарско прашање дали Погба и Андер Ерера ќе бидат подготвени за дуелот со Сити, менаџерот Мурињо кусо одговорил: „Пол не, Ерера да“.
Менаџерот Мурињо дополнил дека Антонио Валенсија, кој го пропушти натпреварот во Барнли, ќе биде во тимот, а дека надвор од комбинација се Крис Смолинг и Фил Џонс.
Инаку, Јунајтед има големи проблеми со повредените фудбалери, Ибрахимовиќ и Рохо ја завршија сезоната,а Хуан Мата ја почна рехабилитацијата по операцијата на препоните.
Манчестерското дерби на програмата е в четврток, од 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик