Поевтинуваат горивата
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина до еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за два денара и ќе чинат 70, односно 69,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар така што ќе се продаваат за 76,5, односно за 74,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,240 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,261 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 51,432 отсто, кај дизелот за 4,044, кај екстра лесното масло за 3,960 и кај мазутот за 2,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995 отсто.
Ново на Сител
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?