Поевтинуваат горивата

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,932 отсто, кај дизелот за 4,357, кај екстра лесното масло за 1,790 и кај мазутот за 1,013 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
