Подводен дрон со експлозив пронајден во близина на гасоводот Северен поток
Беспилотно подводно воено возило на далечинско управување, на кое имало екплозив, е откриено при рутинска контрола на морското дно во Балтик, во близина на гасоводот Северен поток, објавија денеска шведските медиуми.
Како што соопшти портпаролот на шведската војска, Јеспер Столпе, подводниот дром, што вчера беше откриен во меѓународните води, северно од островот Готланд, не може да се деактивира пред 9 ноември, но се проценува дека не претставува опасност ниту за бродовите, ниту за гасоводот, затоа што бил отсечен кабелот преку кој се управувало со него, пренесува Раша тудеј.
Ваквиот вид подводни дронови вообичаено се користат за уништување експлозивни средства што не можат да се извлечат од морското дно. При таквите операции се уништува и самиот дрон.
Бидејќи на дронот нема ознаки на ниту една земја, не се знае кому би можел да припаѓа, пред се, затоа што армиите на многу држави користат такви средства.
Шведската армија, инаку, ја исклучува можноста за планирана саботажа врз гасоводот Северен поток што ги поврзува Русија и Германија. Овој гасовод го изгради рускиот енергетски гигант „Газпром“ во соработка со германски француски и холандски компании.
Ново на Сител
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна