Подолјак: Руските сили брзо се повлекуваат од северна Украина
Руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина со цел да се зајакнат на истокот и југот на земјата и цврсто да ги диктираат своите услови, изјави денеска Михаил Подолјак, советник на украинскиот претседател.
„Со оглед на овој факт и сите движења и концентрација на окупаторските сили, сосема е јасно дека Русија избра друга тактика како приоритет“, напиша Подолјак на Телеграм.
Според него, руските сили настојуваат „да се повлечат на исток и југ, да ја задржат контролата над огромните окупирани територии (не само во регионите Доњецк и Луганск) и таму да се зајакнат“.
„Се разбира, не можеме без тешко оружје ако сакаме да го деблокираме Истокот и (јужниот регион околу) Херсон и да ги одбиеме Русите колку што е можно повеќе“, вели Подолјак.
Во меѓувреме, гувернерот на Чернихивската област, Вјачеслав Чаус, посочи дека регионалниот центар Чернихив, кој веќе е уништен од борбите во последните недели, не бил цел на нови напади ноќеска. „Русите се повлекуваат од регионот на Чернихив“, рече тој.
Гувернерот на регионот Полтава Дмитриј Лунин, пак, рече дека руски проектили рано утрово погодиле два града во централна Украина, Полтава и Кременчук, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради.
„Полтава. Проектил погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта. Кременчук. Многу напади на градот утрово“, напиша Лунин во објавата на интернет.
Ново на Сител
-

Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен
-

Во Прилеп се зголемува семејното насилство, треба меѓуинституционална помош
-

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица
-

Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во Кавадарци
-

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа
-

МЗ: Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби
-

Русија ноќеска повторно го нападна Киев со балистички ракети
-

Лука Дончиќ испиша историска страница во НБА лигата
