Подобрена безбедноста на складот за оружје „Еребино“
Заврши проектот за подобрувањето на безбедноста на главниот склад на Министерството за одбрана за муниција и за мало и лесно оружје во Еребино.
Зголемената безбедност на складот во Еребино е направено согласно меѓународните безбедносни стандарди и, како што се наведува во соопштението, се состои од обновување на оградата околу складот, поставување нова влезна порта, обезбедување на прозорците и вратите, надградба на електричната инсталација и на надворешното осветлување, како и набавка и поставување на опрема за видео надзор на целиот периметар.
Проектот е финансиран од Европската унија и чини 255.000 евра. Тој е спроведен од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) преку регионалниот проект SEESAC посветен на запирање на пролиферацијата на незаконското оружје.
На церемонијата за примопредавање на складот присуствуваа Министерот за одбрана Зоран Јолевски, постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон и политичкиот советник во Делегацијата на ЕУ во Скопје Тибор Варади.
УНДП во 2015 година спроведе сличен проект финансиран од ЕУ, во вредност од 270.000 евра за подобрување на главниот склад за вишок оружје и муниција на Министерството за внатрешни работи во Орман. Надградбата на складовите во Еребино и Орман се една компонента од поддршката на ЕУ за проектот на SEESAC за активности за разоружување и контрола на оружјето во Југоисточна Европа (EUSAC).
Ново на Сител
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока