-->
-->
Поднесено обвинение за лицето што ја влечеше Шекеринска за коса
-->
Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе обвинение против лицето што ја нападна Радмила Шекеринска за врме на настаните во Собранието на 27 април годинава.
- Лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда, соопшти ОЈО.
Обвинителството посочува дека во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017 година, спроведе истражна постапка за сторено кривично дело – Насилство, за што е предвидена казна затвор во траење од 3 до 10 години. По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен Обвинителен акт против осомничениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори