Поднесено обвинение за грабнување

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.
Како што соопшти Јавното обвинителство на РСМ, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми.
Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.
Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.
Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.
Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.
Ново на Сител
-

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит
-

Честитка од претседателката по повод Курбан бајрам: Само преку разбирање различностите можат да бидат предност
-

Чаир со проширена акција за чистење во пресрет на Курбан Бајрам
-

САД планираат нови царини за Канада и Мексико
-

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола
-

Претседателот на Боливија доби пошироки овластувања за ангажирање на армијата
-

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-

Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок
