Македонија
25. February 2016 - 16:40

Поднесено обвинение за гинеколог од тетовската болница

Тетовското обвинителство денес соопшти дека е поднесено обвинение против лекар гинеколог од Клиничка болница Тетово поради смрт на родилката Виолета Кировска во август 2015 година. Лекарот се товари со кривичното дело тешки дела против здравјето на луѓето, поради тоа што при вршење на царски рез врз пациентката не ги превзел сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици.

Имено, гинекологот по настанато крварење не извршил веднаш медицинска интервенција со која можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку интервенцијата ја извршил со задоцнување кога веќе било извесно дека здравствената состојба на пациентката е сериозно нарушена. Поради задоцнетото реагирање, пациентката западнала во кома. Во таква состојба била префрлена во Клинички центар во Скопје, каде и починала, соопштуваа од Обвинителството.

Покрај обвинението, до тетовскиот Суд, било побарано и изрекување споредна казна забрана за вршење професија - лекар.