Поднесено обвинение за 29 лица за случувањата во Дива населба
Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица.
- Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394 – а и „тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
Надлежниот обвинител доставил и Предлог за продолжување на мерката „притвор за обвинетите“.
Во дводневната престрелка во кумановската Дива населба загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група. Во полициската акција беа уапсени триесетина лица под сомнение дека се дел од вооружената теросристичка група.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи