Поднесено обвинение во предметот познат како „Лидери“

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“. Обвинетиот педесетгодишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението од државното јавно обвинителство, во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-

Аналитичарите очекуваат кадровски промени кај поразените партии но не и лидерски смени
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-

Доминација на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори: 55 градоначалници со се и тој на Скопје
-

Оставки во СДСМ по локалните избори – Филипче не се повлекува
-

Вреди го победи ДУИ по бројот на градоначалници
-

Какви јавни претпријатија наследи Орце Ѓорѓиевски?
-

Мисијата ОБСЕ/ОДИХР со оценка за локалните избори
-

Антикорупциска ги отфрли пријавите за прекрушувања на изборните правила
