Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против правно лице - угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против З.Т.(49) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Од МВР денеска соопштија дека на 24.04.2025, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Делчево во соработка со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи извршиле контрола во објектот и од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека не ги исполнува во целост условите за заштита од пожари, односно се констатирани прекршоци по член 69 ,70, 74, 75 и 76 од Законот за заштита и спасување.
- Притоа, на одговорното лице му е даден рок од 30 денови да ги отстрани недостатоците и во тој период да не извршува угостителска дејност. При контролата, исто така, било констатирано дека пријавениот З.Т. во периодот од 09.03.2018 до 16.10.2019 го изградил објектот без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На 01.05.2025 повторно бил извршена контрола во објектот и било констатирано дека пријавената Б.Т. им дозволила на повеќе лица да престојуваат во објектот со што не се придржувала на забраната за вршење дејност од 30 дена изречена при претходната контрола, се појаснува во соопштението.
Ново на Сител
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење