Македонија
18. October 2017 - 10:58

Поднесени 48 приговори до ДИК, најмногу од ВМРО-ДПМНЕ

Во предвидениот рок до Државната изборна комисија се поднесени вкупно 48 приговори за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.

Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ 45, ТМРО два и еден Алијансата на Албанците.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.