Поднесени 309 барања за субвенции за предадена оризова арпа
Оризопроизводителите од кочанскиот производен регион поднесуваат барања до подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Кочани за добивање субвенција по основ на предадена оризова арпа во текот на месец јули од реколтата во 2015 година.
Од подрчаната единица на Министерството во Кочани истакнуваат дека до 11 август се поднесени 309 апликации за добивање дополнителни субвенции за предадена оризова арпа кај откупувачите.
Оттаму истакнуваат дека голем број земјоделци се инетересирале за поднесување апликации, при што од понеделник се очекува поголема динамика во поднесувањето на барања за дополнителни субвенци, кога се очекува и Подрачната единица на Министерството во Кочани да работи и со продолжено работно вереме доколку има потреба од тоа.
Со новата мерка земјоделците кои имаат пријавено земјиште до 2 хектари на кое одгледуваат оризова арпа ќе добијат 5 денари дополнителна субвенција за предаден килограм кај откупувачите. Земјоделците со земјиште од 2 до 10 хектари имаат право на субвенција од 4 денари за килограм, а производителите со пријавено земјиште над 10 хектари на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм.
Одлуката арпата да биде предадена од 1 до 31 јули е со цел да се продадат количините останати од минатогодишната реколта. Оризопроизводителите по предавањето на залихите, со целата документација до крајот на август треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство и да аплицираат за добивање на дополнителни субвенции за откупена оризова арпа.
Ново на Сител
-
Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
-
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја
-
Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118