Поднесена кривична пријава против возачот на Палевски

Вчера (07.12.2023) Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик.
Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување" по член 141 и „убиство" по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
