Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела
В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците.
- Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијансата за Албанците и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово. Благодарен сум на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на Алијанса за Албанците за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка. Мојот придонес ќе продолжи како едноставен активист на Алијансата за Албанците, порача Плумб Вела.
Плум Вела е роден 1973 година, а Стоматолошки Факултет завршил на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, каде во 2011 специјализирал детска стоматологија. Од 2002 година е вработен како стоматолог во Здравствен дом. Во периодот од 2006 до 2008 бил и директор на Здравствен дом. Во тетовската јавност е познат и како поранешен одбојкар и координатор во ОК Шкендија-Тетово.
Ново на Сител
-
Бунт во затвор во Еквадор, 14 загинати и 14 повредени
-
Путин: Русија ќе се придржува до Нов СТАРТ уште една година по истекот на Договорот
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО
-
Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
-
Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба
-
Тепачка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект
-
Малолетник на електричен тротинет украл чанта од девојка додека седела во угостителски објект во Центар
-
Тешко повреден 18-годишник на мопед во Охрид откако автомобил удрил во него