Подметнати пожари и експлозивни направи во северно Косово
Кризата во северно Косово, област на границата со Србија населена со мнозинско српско население, предизвикана од одлуката на Владата на Албин Курти да воведе реципроцитет кон соседната држава со времените регистарски таблички, во текот на минатото деноноќие се продлабочи, откако засега непознати сторители запалија два објекти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска информира дека синоќа по полноќ е запален Центарот за регистрација на возила, кој се наоѓа во објектот на општината Зубин Поток, а нападнат е и Центарот за цивилна регистрација во Звечане.
Во објава преку својата страница на Фејсбук, Свечља оцени дека станува збор за „криминални акти со терористички елементи”.
-Денеска во еден часот по полноќ, во криминални акти со терористички елементи предизвикани од сомнителни лица, е запален Центарот за регистрација на моторни возила кој се наоѓа во објектот на општина Зубин Поток. Косовската полиција веднаш излезе на местото на настанот и наскоро ќе имаме повеќе информации. Исто така нападнат е и Центарот за цивилна регистрација во Звечане, каде што има сомневања за подметнати експлозивни направи, напиша Свечља.
Од косовската полиција за регионот Север потврдија за медиумите дека во Центарот во Звечане се откриени две експлозивни направи, кои подоцна се уништени.
Министерот Свечља порача дека овие настани „покажуваат што би се случило на граничните премини (со Србија) Јариње и Брњак доколку таму немаше присуство на специјалната полиција”.
Односните меѓу Приштина и Белград се затегнаа откако косовската Влада во понеделникот, на 20 септември, почна да ја спроведува одлуката за задолжително опремување со времени регистарски таблички на возилата кои влегуваат од Србија преку косовските гранични премини.
Оваа одлука предизвика протести на Србите во северно Косово, кои со патнички и други возила веќе шести ден го блокираат граничниот премиен Јариње, а уследија и остри реакции од офцијален Белград, откако на граничните премини беа упатени сецијалните единици на косовската полиција. Во врска со настанатата ситуација официјален Брисел, како и западните дипломати во Косово, повеќе пати ги повикаа Приштина и Белград да ги смират тензиите.
Ново на Сител
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони