Подготвуваат напад врз Србија- Албанци вршат вечерна обука за терористи
Веќе со денови наназад Албанците повикуваат на војна во Србија, зборувајќи дека нивната земја припаѓа на Косово и пропагирајќи создавање на „Голема Албанија“.
Дека ситуацијата не е ни малку наивна, туку навистина загрижувачка говорат информациите дека на територијата на Косово и Метохија, а и Албанија во тек е тајна мобилизација, а во последните 7 дена се врши и ноќна обука на терористи кои припаѓаат на терористичката организација Албанска народна армија (АНА).
Аналитичарот Саша Бројовиќ вели дека НАТО е пријател на АНА и предупредува дека Албанците од Косово се вооружени и ќе направат се за да создадат Голема Албанија.
-„Напоменувам дека претставниците на меѓународните власти од јуни 1999 година до денес не ги разоружаа некогашните ОВК, ниту оружјето го ставија под контрола. Поголемиот дел од тоа оружје е и понатаму кај некогашните припадници на ОВК. Сето тоа е потврда дека Албанците никогаш не се откажаа од идејата за создавање на Голема Албанија и дека нема да бираат средства за тој сон да им се исполни.“- објаснува Боројевиќ и вели дека доколку Меѓународната заедница сака да ја смири ситуацијата ќе мора да ги разоружа припадниците на ОВК.
На приложеното видео кое се појавило во јавноста во 2016 година, можете да видите како изгледа една обука за терористи на АНА.
Ново на Сител
-
Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“
-
„Јасен“ се уште гори, се работи на нов противпожарен појас за локализирање на пожарот
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта