Македонија
14. December 2018 - 9:24

Подготвитела седница на Регулаторната комисија за енергетика

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска  ќе одржи подготвителна седница за носење одлуки за издавање привремени лиценци за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала.

На подготвителната седница на РКЕ ќе се разгледуваат предлог – одлуките за издавање привремена лиценца за производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ “ПРОПОИНТ”,  на Трговското друштво за вработување на инвалидни лица издавачка дејност, производство, трговија и услуги ПРОПОИНТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со седиште на ул. 1520 бр.12А, Кисела Вода и од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ „ИВЕРПЛАСТ”, на Друштво за производство, трговија и услуги ИВЕРПЛАСТ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, со седиште на ул. Мице Козар бр.45 Прилеп.