Ракомет
11. December 2015 - 15:00

Подготовките за Полска 2016 почнуваат на 22.декември со 19 ракометари

Селекторот Ивица Обрван по објавувањето на листата од 28 играчи на кои ќе смета за ЕП во Полска 2016 година го соопшти списокот од 23 играчи кои се повикани на првиот ден од подготовките на 22.декември. 
На првиот собир во хотелот „Русија“ треба да се појават следните репрезентативци:
1. Борко Ристовски
2. Даниел Дупјачанец
3. Никола Митревски
4. Златко Даскаловски
5. Дејан Манасков
6. Гоце Ојлески
7. Гоце Георгиевски
8. Мартин Велковски
9. Никола Костески
10. Стојанче Стоилов
11. Жарко Пешевски
12. Никола Маркоски
13. Филип Лазаров
14. Аце Јоновски
15. Филип Миркуловски
16. Наумче Мојсовски
17. Немања Прибак
18. Кирил Лазаров
19. Влатко Митков
20. Филип Талески
21. Филип Кузмановски
22. Милорад Кукоски
23. Велко Маркоски
Поради клупските обврски на подготовките ќе доцнат: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и Аце Јоновски. Нивното доаѓање е предвидено за 28.декември.