Подгорица: Црна Гора не води антируска политика

Црногорската Влада денеска ги отфрли како неосновани тврдењата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова дека Подгорица води антируска политика и дека премиерот Мило Ѓукановиќ „намерно се обидува да ги уништи односите со Русија“.
Подгорица реагираше на денешната изјава на Захарова во која таа им порача на црногорските власти дека „сносат целосна одговорност за своите антируски ставови“.
- Премиерот Ѓукановиќ отворено и експлицидно го предводи трендот на намерно уривање на традиционалните пријателски односи меѓу двете земји, изјави Захарова, додавајќи дека Русија ја увидела одговорноста на црногорскиот премиер за „антирускиот правец на Црна Гора“.
Во својата реакција црногорската Влада оценува дека изјавите на Захарова се „недипломатски“ и дека нејзините обвинувања се „неосновани“.
- Напротив Црна Гора се обидува да ги подобри односите и тоа не само со зборови туку и со дела. За тоа говори и одлуката на Владата на Црна Гора за продолжување на безвизниот режим за граѓаните на Русија од 30 на 90 дена, се истакнува во соопштението.
Натаму црногорската Влада додава дека со ваквите изјави Москва се обидува да ја натера Подгорица да ја почитува желбата на руските власти, а не Уставот на Црна Гора.
Денешната изјава на Захарова претставува реакција на последните оценки на Ѓукановиќ во врска со политиката на Москва кон балканскиот регион. Ѓукановиќ во интервју за порталот „ЕУ Обсервер“ ја предупреди ЕУ дека постои опасност од „руска закана“ за Западниот Балкан.
- ЕУ треба да престане да зборува за заслуги во врска со проширувањето и да спроведе построга регионална стратегија во однос на рускиот ривал, почара Ѓукановиќ во интервјуто.
Ново на Сител
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
