Под училишно игралиште пронајден костур на пират од 16 век
Остатоците од маж откриени се кога работници ја истражувале почвата заради проширување на основно училише во Њухевен, во Шкотска.
Археолозите со тестирањето утврдиле дека коските датираат од 16 или 17 век. Работејќи со форензичкиот уметник Хајли Фишер, рекреирале изглед на лице на маж за кој се мисли дека е стар 50 години.
Се верува дека е погубен заради пиратство или некое друго злосторство, затоа што е закопан во плиток неозначен гроб.
- Единбург секако има интересна историја и одделни археолошки откритија се пронајдени на најчудни места. Благодарејќи на новите техники на истражување, археолозите сега знаат дека лицето најверојато било жртва на убиство и многу веројатно пират, рече вештакот Ричард Луис, пишува Телеграф.
- Учениците мислат дека е фантастично што костурот е пронајден длабоко под игралиштето, рече директорот Лаура Томпсон.
Ново на Сител
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето