Под нулата во цела Македонија, најстудено во Берово -13

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -13 степени. Според мерањата на УХМР, утрово во цела Македонија температурата била под нулата. Во Крива Паланка и Скопје Петровец се измерени -13, -10 во Штип, Куманово, Крушево, Маврово, Лазарополе и Прилеп, -9 во Демир Капија, Пожаране, Битола и Тетово, -8 во Претор, Дебар, Тополчани, Струмица, Скопје и Виница, -7 во Ѓуриште, -6 во Охрид и Гевгелија и -3 Дојран.
Врнежи не се регистрирани.
Утрово времето е малку до умерено облачно и студено со слаб ветер од променлив правец. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Следува период на стабилно и студено време со ниски утринските температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени. Зголемување на облачноста ќе има во петок и во понеделник.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
