Македонија
31. January 2022 - 16:36

Почнуваат со работа работните групи со Бугарија

Заедничко привлекување инвестиции, подобрување на трговската размена, заеднички прокети во определни области и иновациски проекти, за ова ќе се разговара на првиот состанок на работната група за економија, трговија и иновации межу Макеоднија и Бугарија. Состанокот ќе се одржи утре, а со него ќе претседава миниастерот за финансии Бесими, копретседавч е бугарскиот министер за иновации и раст Даниел Лорер. Од макеоднска страна во делегацијата е и вицепремиерот Битиќи и министрите за економија и земјоделство, Бектеши и Николовски.

Ова е прва работа група што ќе се состане по нивното формирање минатата недела. Промени беа најавени и во заедничката историска комисија, која работи повеќе од три години. Шефот на бугарската страна, Ангел Димитров вели дека промени се можни на македонска страна, не и  кај нив, а нема ниту голем ентузијазам во престрет на состаонокот кој ќе се одржи кон крајот на февруари во Софија. Според Димитров напредок е можен само ако Македонија прифати дека има заедничка историја со Бугарија.

На изјавата на Димитров одговара копретседавачот од македонска страна Драги Герогиев. Тој вели дека не се бега од заедничката историја, но дека таа не се сфаќа на ист начин на двете страни.

-Кога едната страна ја обвинува другата страна дека не сака да ја прифати апсолутната вистина на првата страна, не може да се очекува напредок во процесот. Бугарската страна инсистира на заедничка историја, воспоставена во средниот век. Ние не бегаме од заедничката историја, но, тоа не треба да се сфаќа на начин како тоа го сфаќа бугарската страна – дека историјата од средниот век до 1945 година е заедничка. Ако е така, тогаш тоа воопшто не е заедничка историја, туку е историја на еден ист народ. Таквиот пристап не е научен, не е историски, тоа е само едно политичко толкување. Со постојнава реторика всушност се минираат исходите на средбите, вели Ѓоргиев за Слободен печат.