Почнуваат Деновите на кинескиот филм

По повод Празникот на фенерите, со кој се означува крајот на двонеделното празнување на кинеските новогодишни празници. Институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од денеска до 16 февруари во Кинотеката на Македонија организира Денови на кинескиот филм.
Ќе бидат прикажани пет репрезентативни филмови од современата кинеска кинематографија, снимени од 2003 до 2013 година. Настанот се реализира во соработка со дистрибутерската куќа „КТ Филм и Медиа“.
Филмската ревија вечер ќе почне со документарниот филм „Залак од Кина: Подарокот од природата“ од 2012 година, посветен на историјата на храната, јадењето и готвењето во Кина.
Во понеделник публиката ќе може да го види играниот филм „Равенка за љубовта и смртта“ по сценарио и режија на Баопинг Цао, снимен во 2012, а во наредните денови ќе бидат прикажани и играните филмови: „Двајца стануваат еден“ од 2006 во режија на Винг-чеонг Лоу; „Мобилен телефон“ на режисерот Сјаоганг Фенг снимен во 2003 и „Љубовен миг“ во режија на Гавин Лин од 2013 година. Сите проекции се бесплатни.
- Многумина Кина ја поврзуваат со древна цивилизација стара 5000 години, замислуваат слики на дрвени предмети и скулптури, додека сликите од современа Кина се скриени и непознати. Филмовите го претставуваат токму неодоливиот и непосреден дух на современа Кина, соопшти „КТ Филм и Медиа“.
На отворањето на Деновите на кинескиот филм ќе се обрати кинескиот директор на Институтот „Конфуциј“ проф. д-р Денг Шиџонг, а за значењето на современата кинеска кинематографија ќе зборува филмскиот режисер Саша Станишиќ.
Ново на Сител
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
