Почнуваат дебатите за креирање национална програма за талентирани деца
Во организација на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска и утре, ученици, родители, наставници и професори, како и претставници на државни институции и независни експерти во четири фокус-групи ќе дискутираат за изработка на национална програма за талентирани и надарени деца.
Ова, според Фондот, е дел од повеќемесечната иницијатива за развивање стратешка програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите – „Фонд за млади умови“.
Со цел вклучување на сите релевантни чинители во процесот на изготвување на оваа програма која треба да се спроведува на национално ниво, ќе се одржат четири посебни дискусии со различни фактори вклучувајќи претставници на разни научни здруженија и асоцијации, Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, разни владини агенции за спроведување образовни програми, како и претставници на високообразовните институции во државата, претставници на УНИЦЕФ Северна Македонија, USAID, неколку амбасади, невладиниот сектор, а посебни фокус групи се наменети за наставниот и стручниот кадар во училиштата и засегнати родители и ученици.
Фокус групите ќе бидат водени од меѓународен експерт Ребека Елис од УНИЦЕФ, еден од главните партнери на ФИТР во изготвувањето на концептот на националната програма. Меѓу другото, ќе се дискутираат постоечките инструменти за поддршка, можните аспекти за подобрување, реалните потреби на учениците, како и системските недостатоци што треба да се пополнат со конкретни мерки.
Стратешка програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите – „Фонд за млади умови“ на ФИТР е предвидено да опфати поддршка преку веќе постоечки успешни иницијативи, да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите, како и негување и унапредување на талентите кај децата.
Иницијативата на ФИТР за поддршка и развој на талентирани деца почна во март со голема панел дискусија „Развој и поддршка на талентирани деца“, а целта е да се креира системско решение со кое државата во иднина ќе вложува во развивање и поддршка на таленти кај младите.
Фокус групите се од отворен карактер и во нив може да учествуваат сите кои сакаат да придонесат кон успешна дискусија од која ќе произлезат конкретни насоки и резултати.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП

