Македонија
28. October 2017 - 20:34

Почнува зимското сметање на времето

Од вечерва во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.

Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.

На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.