Почнува судењето за убиството на Никола Саздовски
Во Кривичниот суд денеска почнува судењето на обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски. Судскиот процес ќе го води судијката Даниела Алексовска Стојановска.
Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.
Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.
Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ќе ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое досега пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.
Од ОЈО информираа дека ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.
Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а за третиот осомничен кој се уште е недостапен распишана е домашна и меѓународна потерница.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак