Почнува судењето за „најголемиот корупциски скандал“ во историјата на Грција
Пред Аплелацискиот суд во Атина денеска почнува судскиот процес за зделката меѓу грчкиот телеком ОТЕ и германската компанија „Сименс“ од 1997 година, која во Грција се оценува како „најголем корупциски скандал“ во историјата на земјата.
Обвинетите во процесот се товарат за исплата на мито во висина од „милиони евра“ од тајните фондови на германскиот гигант на високи грчки официјални претставници.
Судењето требаше да почне лани во јули, но беше одложено затоа што заклучоците на Судот не беа преведени на германски јазик за да им бидат доставени на обвинетите странци, што предизвика остри реакции во јавноста, имајќи предвид дека целиот процес трае веќе 10 години.
Во процесот се обвинети 64 лица - грчки и германски државјани. Според грчките медиуми, врз основа на обвинителните акти, некои од обвинетите би можеле да заработат и доживотни казни затвор.
Спорот се однесува за договор склучен во 1997 година меѓу ОТЕ, тогаш во државна сопственост, и „Сименс“ за набавка на опрема за модернизација на технолошката инфраструктура на грчкиот телеком за потребите на Олимписките игри во Атина во 2004 година.
Обвинителите тврдат дека германската компанија на високи грчки владини претставници им исплатиле огромни суми за поткуп.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството