Почнува снимањето на филмот „Два“
Снимањето на краткометражниот игран филм со работен наслов „Два“ во режија и по сценарио на Марија Апчевска почнува денеска. Снимањето ќе се одвива шест дена на повеќе локации во Скопје. Ова е втор краток филм на младата режисерка, која во 2012 година успешно дебитираше со својот филм „Бардо“, кој беше прикажан во Берлин.
Жанровски филмот е coming-of-age драма за една ноќ во животот на две деца и нивниот татко. Улогите ги толкуваат Владимир Тулиев, Димитрија Марковски и Антонија Белазелкоска. Директор на фотографија е Владимир Самоилвски, сценограф е Кирил Спасески, костимите се на Раде Василев, a шминката е на Горан Игњатовски. За кастингот се погрижи Билјана Драгиќевиќ Пројковска.
Филмот е во продукција на „Квазар филм“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика
-
Тема на денот со Венко Филипче, СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Во АНБ се следеле комуникации на новинари, јавен обвинител, поранешен министер, но и премиерот Мицкоски
-
Обвинетиот за нападот врз Арсовска тврди дека е тој жртва, го удрила со нога
-
Обвинение за нападот на млади фудбалери
-
Почнуваат активностите за третата фаза од пругата кон Бугарија